сабота, април 19, 2025
11.8 C
Skopje

Чешкиот репрезентативец Јанкто обелодени дека е хомосексуалец

 

Чешкиот репрезентативец и фудбалер на Спарта Прага, Јакуб Јанкто (27) обелодени денеска дека е хомосексуалец, изјавувајќи оти сака „слободно“да го живее својот живот.

„Имам работа која со години ја работам најдобро што умеам, сериозно, професионално и со страст. Како и сите други, и јас сакам да го живеам својот живот во слобода. Без страв. Без предрасуди. Бес насилство. Но, со љубов. Јас сум хомосексуалец и не сакам повеќе да се кријам“, порача 27-годишниот играч за врска во видеообраќање.

Јанкто досега во кариерата има 45 настапи за репрезентацијата на Чешка на кои постигна и четири голови.

Со соопштение во врска со неговата изјава се огласи и Спарта Прага.

„Јакуб пред извесно време отворено разговараше за својата сексуална ориентација со раководството на клубот, тренерот и соиграчите. Сè останато се однесува на неговиот приватен живот. Нема дополнителни коментари. Нема дополнителни прашања. Ја има нашата поддршка. Живеј го својот живот“, кратко порача прашка Спарта.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови