сабота, февруари 8, 2025
-3.2 C
Skopje

Швјонтек избори полуфинале на Австралија опен

Ига Швјонтек утринава ја победи Американката Ема Наваро со 6:1 и 6:2 во четвртфиналето на Австралија Опен.

Во меч што траеше 1 час и 31 минута, 23-годишната полска тенисерка имаше еден ас, две двојни грешки и пет претворени брејк топки од девет шанси.

Во полуфиналето Швјонтек ќе се соочи со Американката Медисон Кис која ноќеска со 2:1 ја победи Елина Свитолина од Украина.

Другата полуфинална двојка на женскиот дел од Грен слемот во Мелбурн е Сабаленка – Свитолина.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови