Најдобрата македонски екипа Шкупи дозна со кого може да се соочи во третата квалификациска рунда во Лигата на шампионите.
Избраниците на Гоце Седлоски го минаа Линколн од Гибралтар, па во наредниве две недели ќе излезат на мегдан со Динамо Загреб на нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми. Во случај да нашиот првак направи изненадување и го елиминира хрватскиот првак тогаш во наредната фаза ќе оди во Бугарија или Република Ирска поточно ќе се соочи со подобриот од Лудогорец-Шамрок Роверс.
Првата средба Шкупи би ја играл на гостински терен, додека реваншот би бил во Скопје.
Останати парови:
Марибор/Шериф-ХЈК Хелсинки/Плзен
Макаби Хаифа/Олимпијакос-Аполон
Карабах/Цирих-Ференцварош/Слован
Линфилд/Бодо-Жалгирис/Малме
Црвена Звезда/Пјуник-Дуделанж
Монако-ПСВ
Динамо Киев-Фенербахче/Штурм
Унион Сан-Жилоис-Ренџерс
Бенфика-Митјиланд/АЕК Ларнака