Руската тенисерка вели дека месец јануари во Австралија беше нејзин дом вкупно 15 години и дека е тажна што се случува моментно во оваа земја.
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го прифати предизвикот на Марија Шарапова да донира пари како помош за Австралија која е погодена од катастрофалните пожари.
Руската тенисерка во неделата емотивно се обрати пред јавноста, а потоа му испрати порака на Ѓоковиќ.
Yes, @MariaSharapova I would like to match your $25k donation to double the aid sent to these communities. We stand by you, #Australia. 🙏🏼 https://t.co/wiUZHzg9cz
— Novak Djokovic (@DjokerNole) January 6, 2020
– Месецот јануари во Австралија беше мој дом во последните 15 години. Гледајќи како пожарите ја уништуваат земјата, нејзините прекрасни семејства и заедници на животни длабоко ме растажуваат. Би сакала да започнам со своја донација од 25 илјади. Новак, дали ќе се израмниш со мојата донација?
Еден ден подоцна, дојде и одговорот на вториот светски рекет:
– Да, јас би сакал да ја израмнам твојата донација од 25.000 долари, да ја удвојам помошта испратена до овие заедници. Австралија, со тебе сме.
Сето ова доаѓа непосредно пред стартот на првиот грен слем сезонава „Австралија опен“ за кој Ноле побара да се одложи.