сабота, ноември 2, 2024
22.8 C
Skopje

Ѓоковиќ ептен скромно: Не сум најголем фаворит за триумф „Ролан Гарос“!

Најдобриот тенисер на денешницата, Новак Ѓоковиќ, без разлика на триумфот на неодамнешниот мастерс во Рим, не ја прифаќа улогата на најголем фаворит на претстојниот гренслем „Ролан Гарос“, кој почнува в недела во Париз.

Според Србинот, најблиску до триумфот на последниот од најголемите турнири е Рафаел Надал, иако тој беше елиминиран во италијанската престолнина уште во четвртфиналето од финалистот Диего Шварцман.

„Иако загуби во Рим, лично сметам, а сигурен сум дека со моето мислење ќе се согласат и останатите, дека Рафа Надал е фаворит број еден за триумф на Ролан Гарос. Поради рекордот кој го собори во Париз, поради неговите резултати, сметам дека никој не може да биде пред него – изјави Ѓоковиќ.

Шпанецот ја брани титулата во Париз и воедно ја брка 20. круна на овие турнири, со што би се изедначил на врвот со Роже Федерер.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови