вторник, септември 10, 2024
22.8 C
Skopje

Ѓоковиќ ќе игра на „УС Опен“, но не и Надал!?

Тениската легенда Џон Мекинро се надева дека Новак Ѓоковиќ ќе настапи на „УС Опен“, а според него можно е истото да не го направи Рафаел Надал.

Тој истакнува и верува дека играчите од тенискиот врв ќе се појават на двата преостанати грен слем турнири.

Претходно најдобриот светски тенисер Ѓоковиќ изрази загриженост поради мерките кои се предвидени за одржување на „УС Опен“.

– Тие веќе долго чекаат на можноста да играат и верувам дека ќе излезат на теренот. Да играат еден против друг, но и против помладите играчи кои треба да бидат идните носители на светскиот тениски врв. Имаме два огромни турнири кои се многу важни за играчите и секако, се надеваме дека Новак ќе се опорави и ќе избере да игра на „УС Опен“. Верувам дека ќе успее во тоа, но не сум баш сигурен за Надал. Рафа е најдобар на земја и тешко дека некој може да го победи на таа подлога – рече Мекинро.

Прочитајте и… Војна на зборови помеѓу Бекер и Кирјос: Кој „цинкари“, а кој е идиот
Исто така истакна дека ќе биде интересно да се види каква одлука ќе донесат европските тенисери по повод заминувањето во Њујорк.

– Сè е можно во следните неколку месеци. Мислам дека е можно да се играат „УС Опен“ и „Ролан“ Гарос иако мислам дека мерките се премногу строги. Очекувам да дојдат тенисерите, но не би бил изненаден доколку одлучат да не играат – додаде Мекинро.

Слични текстови