вторник, декември 3, 2024
5.8 C
Skopje

Ѓорческа го заврши настапот на фјучерсот во Сплит

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во третото коло на фјучерсот во хрватскиот град Сплит, откако попладнево беше поразена од Вероника Ерјавец (ВТА, 191) од Словенија со 2-0 во сетови.

Ѓорческа (ВТА, 225) беше немоќна против петтата носителка. освојувајќи два гема во првиот и еден во вториот сет во дуел кој се играше 55 минути.

Македонската тенисерка во воведното коло со 2-0 во сетови беше поуспешна од Германката Настасја Шунк.

Фјучерсот од серијата 75 на земјена подлога во Сплит се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови