Единствениот македонски претставник во Купот на ЕХФ, Металурт, синоќа забележа пораз на гостувањето кај Горење Велење и со негатива од пет гола се врати во Скопје, каде ќе го пречека словенечкиот тим во Скопје, во рамки од плеј-офот на ова натпреварување.
Стратегот на домашната екипа Зоран Јовичиќ е задоволен од одиграната партија на своите избраници, но потенцира дека за нив работата не е завршена и во Скопје ќе отпатуваат како да е 0-0.
„Знаевме дека Металург е поискусен тим, кој на свој грб има повеќе европски натпревари. Во првиот дел го разбранивме нивниот голман, тој спаси неколку чисти ситуации и најави неизвесен натпревар. Но, во вториот дел работите се променија. Заигравме подобро во одбрана и поефикасно во напад и тоа беше пресудно за извојуваната победа. Сепак, работат не ни е завршена и затоа во Скопје ќе отпатуваме со резултат 0-0“, рече Јовичиќ.
Натпреварот во Скопје меѓу Металург и Горење Велење се игра на 24-ти овој месец со почеток од 18:00 часот.