петок, октомври 10, 2025
10.8 C
Skopje

Верстапен за битката со Мерцедес во Првенството на конструктори: Разлика од 35 поени е многу, ќе се обидеме

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, изјави дека ќе направи сè што е можно за да му помогне на тимот да ги победи Ферари и Мерцедес во борбата за второто место во Првенството на конструктори во Формула 1.

По Гран При на Сингапур, водството на Мерцедес порасна на 35 поени.

– Да, разлика од 35 поени е многу. Идеално ќе беше да победам во Сингапур. Но да, ќе се обидеме сепак, ќе биде вистинска битка. Иако нема да биде лесно, со оглед на тоа што Мерцедес победи во Сингапур, а ние завршивме втори, а и другиот болид на Мерцедес исто така освои поени. Значи да, ќе биде тешко, но сепак ќе се обидеме, потенцира Верстапен.

Холанѓанецот е четирикратен светски шампион во Формула 1

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови