Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, ја нагласи потребата тимот да одржи позитивен став пред натпреварот од второто коло на Лигата на шампионите против Бенфика.
– Треба да останеме позитивни. Прво, затоа што на играчите тоа им е неопходно. Второ, затоа што нема причина за негативност. Изгубивме само пет натпревари во последните шест месеци, од кои четири беа со црвени картони. Нема притисок. Но, знам дека како тренер на Челзи, мора да победуваме, без сомнение.
Средбата со Жозе Мурињо е голема чест за мене. Тој е легенда на овој клуб, а и на другите. Мислам дека Бенфика ќе игра формација 4-3-3 или 4-2-3-1, но можат да играат и со пет дефанзивци. Мурињо успешно користеше различни системи и го демонстрираше ова во текот на целата своја кариера, изјави Мареска на официјалната веб-страница на УЕФА.
Натпреварот Челзи – Бенфика ќе се игра вечер од 21 часот.