сабота, октомври 18, 2025
12.8 C
Skopje

Мароко и Аргентина финалисти на Светското младинско фудбалско првенство

Репрезентациите на Мароко и на Аргентина ќе играат во финалето на Светското првенство за фудбалери до 20 години кое се одржува во Чиле.

Во полуфиналето, Мароко ја победи Франција на пенали 4:3, додека Аргентина ноќеска ја совлада Колумбија со 1:0.

Финалето е закажано за ноќта недела кон понеделник во Сантијаго де Чиле во 1 часот по македонско време.

Аргентина досега има седум финалиња на Светското младинско првенство. Трофејот го има освоено шест пати (1979, 1995, 1997, 2001, 2005, 2007). Мароко за прв пат стигна до финалето.

Франција ќе игра против Колумбија во натпреварот за третото место на 19 октомври во 21 часот.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови