петок, октомври 10, 2025
10.8 C
Skopje

Ристовски и Садики Шаини во посета на ФК „Башкими“ Куманово

Министерот и заменик-министерот за спорт, Борко Ристовски и Сафије Садики Шаини, денеска се сретнаа со преставници од фудбалскиот клуб „Башкими“ од Куманово. Претставниците на клубот побараа поддршка за реконструкција на стадионот. Проектот како што посочија е еден од клучните за развој на младите.

– Ова е уште еден проект којшто сака да го покаже Министерството за спорт и да го воспостави како пракса, да изградиме што е можно повеќе спортска инфраструктура којашто на крај на денот ќе помогне за развој на професионалниот спорт, меѓутоа ќе помага и на за рекреација на сите дечиња коишто сакаат се занимаваат со спорт. Преку создавањето на услови за занимавање со спорт да се изградиме на поздрава иднина, генерално во целина за да можат сите тие дечиња, утре да израснат во луѓе коишто ќе имаат на вистински вредности, рече министерот Ристовски.

Целта како што посочи тој, да станат вистински луѓе, без разлика дали и ќе прераснат во успешни спортисти, да се занимаваат со спорт, да го градат општеството, да ја водат државата. Тој најави дека во Куманово ќе се реконструираат уште две дополнителни мултифункционални игралишта.

– Заложбата на министерството, на Владата е да се изгради да што е можно повеќе спортска инфраструктура. Мислам дека после година и неколку месеци изградена спортска инфраструктура, покажуваме дека ова е патот по којшто треба да се оди мора да се оди за да на крај на денот оставиме нешто што ќе остане и после нашето заминување, кажа Ристовски.

Заменик-министерот за спорт Сафије Садики Шаини кажа дека наскоро ќе почне реконструкцијата на теренот.

– Претходните влади, ветија дека ќе го решат ова прашање, но нашата Влада одлучи да го реализира овој проект, кажа заменик-министерката.

Реконструкцијата како што посочи Шаини е важна, бидејќи се инвестира во идните генерации спортисти. Теренот го користат околу 500 деца од Куманово кои тренираат фудбал и за надлежните условите за развој на спортот се приоритет.

– Министерството за спорт ќе продолжи да создава услови за развој на спортот на целата територија на Македонија. Голема благодарност и д министерот Ристовски за неговата упорност и волја вистински да му помогне на спортот и е одлучен по тој пат да оди и понатаму. Заеднички продолжува со поддршка на спортските клубови, кажа Шаини.

Претседателот на ФК „Башкими“, Бурак Хида се заблагодари за посеатата на претаставниците на министерството, повикувајќи да се поддржат луѓе кои реализираат, а не луѓе коишто само ветуваат и не спроведуваат проекти.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови