петок, октомври 10, 2025
10.8 C
Skopje

Тренерот на Бока Јуниорс, Мигел Анхел Русо, почина на 69-годишна возраст

Аргентинскиот фудбалски гигант Бока Јуниорс на својата официјална веб-страница објави за смртта на нивниот тренер Мигел Анхел Русо. Тој имаше 69 години.

-Мигел остави неизбришлив белег во нашата историја и секогаш ќе биде пример за радост, топлина и напорна работа. Им изразуваме сочувство на неговото семејство и најблиските во ова тажно време, се вели во соопштението за медиумите.

Оваа недела, аргентинскиот тренер, кој ја презеде Бока во лето, беше хоспитализиран поради здравствени проблеми.

Русо ја помина целата своја играчка кариера во Естудијантес, играјќи на 418 натпревари. Во 1989 година ја започна својата тренерска кариера и работеше со клубови како Ланус, Велез, Сан Лоресно, Ал Наср, Милјонариос, Естудијантес и Бока Јуниорс.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови