Австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг повика на траен прекин на огнот во војната во Газа, пренесе ДПА.
– Нашиот став е дека сакаме да видиме одржлив прекин на огнот и дека гледаме меѓународен хуманитарен, непосреден хуманитарен прекин на огнот како чекор кон тоа, рече Вонг пред да замине на патување во Израел и Јордан, Западниот Брег и Обединетите Арапски Емирати.
– Ниту еден прекин на огнот не може да биде едностран и ниту еден прекин на огнот не може да биде безусловен, додаде таа.
Вонг повика и на безбеден, непречен и постојан пристап до хуманитарна помош и подобра заштита на цивилното население во Појасот Газа. Таа, исто така, сака да го искористи своето патување во регионот за кампања со цел излез од сегашниот конфликт и траен мир во форма на решение со две држави.
За време на нејзината посета на Израел, Вонг сака да се сретне и со роднините на заложниците и преживеаните од масакрот извршен од терористите од исламистичката милитантна организација Хамас и други екстремистички групи во Израел на 7 октомври минатата година