четврток, октомври 10, 2024
13.8 C
Skopje

АИ: Израел уништи цели населби во Газа

Невладината организација за заштита на човековите права „Амнести интернешнл“ (Amnesty International) соопшти дека Израел незаконски ги уништил земјоделското земјиште и цивилните објекти долж источната граница на Појасот Газа. Таквото уништување треба да се истражува во рамките на обвиненијата за воени злосторства.

АИ наведува дека израелската армија незаконски уништила земјоделско земјиште и цивилни објекти користејќи булдожери и експлозив, при што дека се уништени цели населби, вклучувајќи куќи, училишта и џамии.

Наспроти резолуцијата на ОН за прекин на огнот, Израел од 7 октомври минатата година врши континуирани напади врз Појасот Газа, во кои загинаа речиси 40.900 Палестинци, главно жени и деца, а речиси 94.400 се повредени. Постојаната блокада на енклавата доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел се соочува со обвиненија за геноцид во Појасот Газа пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови