среда, мај 21, 2025
15.8 C
Skopje

Албарес: ​​Рано е за разговори за испраќање војници во Украина, мирот е сè уште далеку

Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес изјави денеска дека е премногу рано да се разговара за испраќање војници во Украина, истакнувајќи дека смета оти нема наскоро да биде склучено примирје меѓу Украина и Русија.

„Никој не размислува за испраќање војници во Украина, бидејќи мирот е сè уште далеку“, рече тој.

Албарес изјави дека најбрзиот начин да се постигне мир, кој „не е само прекин на огнот“, е да продолжи да се испраќа помош за Украина, пренесува „Вангардија“.

„Не гледам мир на хоризонтот, иако едно од размислувањата е како да се помогне тој мир да дојде што е можно поскоро. На денот кога ќе биде предложен мир, треба да видиме за каков мир зборуваме“, додаде Албарес

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови