петок, декември 6, 2024
8.8 C
Skopje

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

 

Воената Влада на Мијанмар ќе ослободи 7.012 затворенции по повод одбележувањето на Денот на независноста, објави денеска државниот канал MRTV.

Јужноазиската држава се соочи со меѓународна изолација и западни санкции откако војската ја собори демократски избраната премиерка Аунг Санг Су Чи и постави свој народ да управува со земјата.

– Сакам да им се заблагодарам на некои меѓународни и регионални организации, поединци и земји, кои имаа позитивна соработка со нас, сред притисок, критики и напади. Ние тесно соработуваме со Кина, Индија, Тајланд, Лаос и Бангладеш, рече шефот. на Генералштабот, Мин Аунг Хлаинг.

Воената хунта е на власт во Мијанмар од 1 февруари 2021 година, кога ја отстранија Су Чи од власт и ја затворија.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови