петок, септември 20, 2024
15.8 C
Skopje

Бајден го осуди рускиот напад во Полтава

Американскиот претседател Џо Бајден го осуди рускиот ракетен напад врз воен институт во североисточниот украински град Полтава, во кој загинаа 51 лице, а 271 беа повредени.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби го осуди нападот „како доказ за бруталноста на рускиот претседател Владимир Путин“.

„Овој напад е трагичен потсетник на упорните и срамотни обиди на Путин да ја поништи волјата на слободниот народ“, додаде Бајден во изјавата.

Тој вети дека Соединетите Американски Држави „ќе продолжат“ да ги поддржуваат Украинците, „конкретно обезбедувајќи им системи за противвоздушна одбрана и капацитети што им се потребни за одбрана на нивната земја“.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови