петок, декември 6, 2024
8.8 C
Skopje

Бајден на 1 март ќе ја прими италијанската премиерка во Белата куќа

Американскиот претседател Џо Бајден следната недела во Вашингтон ќе ја прими италијанската премиерка Џорџа Мелони, соопшти Белата куќа, наведувајќи цела низа дипломатски прашања на агендата.

„На 1 март, Бајден и Мелони ќе разговараат за заложбата за континуирана поддршка за Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7), со која моментно претседава Италија“, како и за Кина“, се наведува во соопштението.

Американскиот претседател имаше средба со италијанската премиерка и во јули минатата година.

Како што пренесуваат странските агенции, Бајден беше јавно загрижен есента 2022 година за доаѓањето на власт во Италија на крајнодесничарската партија на Џорџа Мелони. Но, Италија се покажа како силен европски сојузник во поддршката на Украина, и покрај присуството на личности како суверенистот Матео Салвини, кој беше критикуван за неговите врски со партијата на рускиот претседател Владимир Путин.

Американските власти сакаат да спречат Италија премногу да се доближи до Кина.

Средбата во Белата куќа, меѓу другото, мора да биде фокусирана на потребата од „блиска трансатлантска координација во однос на Кина“, се наведува во соопштението на американската администрација.

Италија се повлече од договорот за „Новиот пат на свилата“ со Кина во декември, четири години откако му се приклучи, што предизвика незадоволство кај Пекинг.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови