Рускиот напад на цивили во трговскиот центар е суров, смета американскиот претседател, Џо Бајден.
„Се солидаризираме со украинскиот народ. Како што покажавме и на Самитот на Г7, САД заедно со нашите сојузници и партнери ќе продолжиме да бараме Русија да биде одговорна за такви ѕверства и ќе ја поддржуваме украинската одбрана”, напиша Бајден на Твитер.
Според најновите информации, загинати се најмалку 18 лица, а повредени 59 при рускиот напад врз трговски центар во украинскиот град Кременчук.