четврток, октомври 3, 2024
22.8 C
Skopje

Бербок го повика Азербејџан да дозволи меѓународни набљудувачи во Нагорно Карабах

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок го повика Азербејџан да им дозволи на меѓународните набљудувачи да влезат во сепаратистичкиот регион Нагорно Карабах, јавија британските медиуми.

Азербејџан минатата недела почна молскавична операција за враќање на контролата врз претежно ерменскиот регион. Како резултат на тоа, илјадници етнички Ерменци ги напуштија своите домови.

„Повторно решив значително да ја зголемам нашата хуманитарна помош, како и нашето дополнително финансирање за Меѓународниот комитет на Црвениот крст од два на пет милиони евра“, објави шефицата на германската дипломатија

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови