четврток, октомври 10, 2024
13.8 C
Skopje

Бербок пристигна во Израел

Шефицата на германската дипоматија Аналена Бербок денеска пристигна во Тел Авив и се сретна со израелскиот колега Израел Кац.

Бербок во Израел допатува по посетата на Саудиска Арабија и Јордан. Предвиодено е таа да се сретне и со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, но не е планирана средба со премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Германската министерка за надворешни работи ќе го посети и градот Рамала на Западниот Брег, каде што ќе разговара со палестинските власти. Според неа, палестинската управа може да игра важна улога во повоената администрација во Појасот Газа.

Заедно со преговорите за прекин на огнот, во нејзините разговори се очекува да биде допрена и темата за бранот насилства на Западниот Брег окупиран од Израел. Таа вчера во Аман наведе дека Израел е „окупаторска сила на Западниот Брег и е обврзан според Женевската конвенција да го одржува законот и редот, а не да се заканува“.

– Тоа експлицитно вклучува заштита на населението од нападите на агресивните, радикални доселеници, посочи Бербок.

Бербок на вчерашната средна со јорданскиот министер за надворешни работи Ајман ал Сафади најави дека Германија ќе ја зголеми хуманитарната помош за Палестинците во Појасот Газа за 50 милиони евра на повеќе од 360 милиони евра од минатата година.

Германската министерка за надворешни работи од 7 октомври минатата година 11 пати била во официјална посета на земјите од Блиски Исток.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови