петок, декември 6, 2024
8.8 C
Skopje

Блинкен на средба со кинески претставници пред изборите во Тајван

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Вашингтон ќе се сретне со високиот кинески функционер Лиу Џианчао, објави Стејт департментот.

Разговорите доаѓаат само еден ден пред изборите во Тајван кои ќе бидат главен тест за смирување на тензиите меѓу САД и Кина.

Претседателските и парламентарните избори во Тајван, кој Кина сè уште го смета за своја територија, го претставуваат првиот вистински предизвик за администрацијата на Бајден во обидот да ги стабилизира односите со Кина.

Состанокот ќе биде последен во серијата состаноци меѓу американски и кинески претставници, по самитот меѓу американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг во ноември во Сан Франциско.

Лиу Џианчао и заменик-советникот за национална безбедност Џон Финер веќе се сретнаа оваа недела, американскиот министер за трговија Џина Раимондо и кинескиот министер за трговија Ванг Вентао разговараа телефонски, а се очекува да продолжат и долго замрзнатите воени преговори меѓу двете земји.

Средбите првенствено имаат за цел одмрзнување на односите меѓу двете велесили, но очигледни се тензиите во пресрет на изборите во Тајван. Вашингтон веќе ја предупреди Кина да не се меша во изборите и дека секоја дестабилизација на изборниот процес ќе биде чин на провокација.

Кина ги отфрли тврдењата на тајванската влада за мешање во изборниот процес и повтори дека тајванското прашање е нивна црвена линија и најопасно прашање во односите меѓу САД и Кина. Тие предупредија дека секој дипломатски и меѓународен чекор кон официјалната независност на Тајван ќе значи директен конфликт со кинеските интереси.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови