недела, декември 8, 2024
0.8 C
Skopje

Британски медиуми: Борис Џонсон е подготвен да поднесе оставка

Британскиот премиер Борис Џонсон е подготвен да поднесе оставка, јавуваат британските медиуми, додавајќи дека денеска се очекува официјално соопштение.

Тој се соочува со невидена владина криза бидејќи во последните 24 часа над 50 членови на неговиот кабинет поднесоа оставки. Џонсон досега одбиваше да го стори тоа, а го разреши министерот кој јавно го повика да поднесе оставка.

Но, соочен со распадот на кабинетот, се чини дека веќе нема избор, а како што пренесуваат британските медиуми, тој е подготвен да поднесе оставка, а неговата официјална изјава за оваа работа се очекува за неколку часа.

„Франс прес“ и Би-Би-Си јавуваат дека Џонсон денеска ќе поднесе оставка на местото лидер на Конзервативната партија. Тој наводно се согласил, како што пренесуваат медиумите, дека сака да најде нов лидер на партијата и дека ќе остане на премиерската позиција додека не се најде нов.

Други медиуми велат дека тој е подготвен да поднесе оставка од премиерската функција.

 

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови