вторник, април 29, 2025
7.8 C
Skopje

Ван дер Белен положи заклетва на функцијата претседател на Австрија

 

Александар Ван дер Белен на денешната церемонија на преземањето на вториот шестгодишен мандат како претседател на Австрија повика на појасно меѓународно позиционирање на Европската унија, односно утврдување на нејзината геостратешка улога.

Ван ден Белен (79) пред членовите на двата дома на австрискиот Парламент посочи дека доколку ЕУ не го стори тоа ќе им се дозволи, како што рече „другите да владеат со нас“.

Поранешниот лидер на Партијата на зелените во интервју дадено за националниот јавен сервис „ORF“ пред церемонијата на положување заклетва, беше запрашан дали на лидерот на екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија (FPÖ), Херберт Кикл, ќе му додели мандат за формирање влада по евентуална изборна победа, на што одговори дела ќе се обиде да не „промовира антиевропска партија, партија која не ја осудува војната на Русија против Украина“.

Истражувањето спроведено за списанието „Профил“ сугерира дека 28 отсто од Австријците моментално го поддржуваат „FPÖ“. Според истражувањето, зад партијата заостануваат и Социјалдемократската партија на Австрија (SPÖ) со 24 проценти и конзервативната Австриска народна партија (ÖVP) предводена од канцеларот Карл Нехамер со 22 отсто доверба кај граѓаните.

Ван дер Белен победи на претседателските избори во октомври со 56,7 отсто од гласовите. Повеќето од другите парламентарни партии го поддржаа популарниот шеф на државата и се воздржаа да се кандидираат со свои кандидати. Само „FPÖ“ и некои помали групи застанаа против него.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови