петок, мај 16, 2025
14.7 C
Skopje

Велика Британија вети дополнителни 20 милиони фунти помош за бегалците од Судан

Шефот на британската дипломатија Дејвид Лами за време на вчерашната посета на бегалскиот камп во Чад најави дополнителни 20 милиони фунти помош за бегалците од конфликтот во Судан.

Тоа се дополнителни средства на претходно ветената помош од 226,5 милиони фунти за справување со хуманитарната криза во Судан.

Поради војната околу 3,6 милиони луѓе побегнаа од Судан во други земји, вклучувајќи ги Египет, Чад и Јужен Судан.

Лами во рамките на тридневната посета на регионот се сретна со претставници на Високиот комесаријат на ОН за бегалци.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови