Според соопштението, силите извеле артилериски напади врз ерменските сили кои се наоѓаат на окупираните територии.
Ситуацијата во Нагорно-Карабах ескалира на 27 септември. Баку и Ереван меѓусебно се обвинуваат за почнувањето борбени дејства.
Двете земји беа дел од Советскиот Сојуз пред тој да се распадне во 1991 година. Тие веќе четири децении се во конфликт околу регионот Нагорно-Карабах, кој е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но е под контрола на Ерменците.
Разговорите за решението за Нагорно-Карабах траат од 1992 година во рамките на Минската група на ОБСЕ, предводена од тројца копретседавачи – Русија, Франција и САД.