сабота, декември 7, 2024
8.8 C
Skopje

Внукот на Боб Марли почина на 31-годишна возраст

 

Јамајско-американскиот реге-музичар Џозеф Мерса Марли почина на 31-годишна возраст. Тој бил пронајден мртов во возило во САД, а точната локација не е прецизирана, пишува „Дејли мејл“.

Музичарот, чие уметничко име е Џо Мерса, цел живот страдал од астма, а радиостаницата „WZPP“ тврди дека токму оваа болест е причината за неговата смрт.

Џо Мерса е внук на култниот реге-музичар Боб Марли и син на Стивен Марли.

Тојги поминал своите рани години на Јамајка, потоа се преселил на Флорида и се запишал во средното училиште Палмето, по што заминал да студира инженерство во Мајами-Дејд.

Во 2014 година објави неколку музички синглови, а во 2021 година го објави албумот „Eternal“.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови