недела, декември 8, 2024
0.8 C
Skopje

Воведена забрана за универзитетско образование на жени во Авганистан

Талибанските власти денеска им забранија на неодредено време на жените да студираат на универзитетите во Авганистан, соопшти Министерството за високо образование во писмо упатено до сите јавни и приватни високообразовни установи во земјата.

– Со ова сите сте информирани да ја спроведете спомнатата наредба за прекин на образованието за жените до нова одредба, се вели во писмото што го објави министерот за високо образование Неда Мохамад Надеем.

Портпаролот на Министерството, Зиаулах Хашими исто така ја потврди таа вест.

До забраната за високо образование дојде по помалку од три месеци откако илјадници девојки и жени полагаа приемни испити на универзитетите низ целата земја.

Таа рестриктивна мерка на талибанците во областа на образованието на жените е најнова во серијата ограничувања воспоставени против жените и најверојатно ќе предизвика загриженост кај меѓународната заедница, јавија западни медиуми.

Девојките веќе биле лишени од пристап во средните училишта.

Кога се вратија на власт во август 2021 година, Талибанците ветија дека ќе биде пофлексибилни, но во голема мера се вратија на ултраригорозната интерпретација на исламот што го одбележа нивниот прв период на власт

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови