сабота, јануари 25, 2025
0.8 C
Skopje

Во Грузија денеска нови протести против владата

За денеска во 15 часот е закажан нов протест на Плоштадот на републиката во Тбилиси. Вчерашниот протест беше одбележан со напади врз демонстранти, новинари и опозициски политичари.

Локалните медиуми известуваат дека специјалци во цивилна облека учествувале во нападите.

Протестите траат веќе 10 дена, а демонстрантите бараат оставка од владата и нови избори.

Незадоволството на граѓаните е поттикнато од одлуката на владејачката партија „Грузиски сон“ да ги суспендира преговорите за пристапување кон ЕУ до 2028 година.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови