сабота, февруари 8, 2025
-0.2 C
Skopje

Во Катар претставен конечниот нацрт договор за прекин на огнот во Појасот Газа

Претставници на Катар кои посредуваат во преговорите денеска на претставници на Израел и Хамас им го претставија конечниот нацрт договор за прекин на огнот во Појасот Газа, откако на полноќ беше постигнат напредок во разговорите, во присуство на претставник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, изјави за светските агенции официјален претставник запознаен со преговорите.

Официјалниот претставник рече дека текстот на договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците бил дефиниран со разговорите во Доха во кои се вклучени шефовите на Мосад и Шин Бет, катарскиот премиер, шефот на египетската тајна служба и Стив Виткоф, кој ќе биде американски претставник кога Трамп ја презема функцијата. Се верува дека учествувале и претставници на американската администрација во заминување.

„Следните 24 часа ќе бидат клучни за постигнување договор“, рече официјалниот претставник, истакнувајќи дека преговорите се воделе до раните утрински часови.

Израелското радио Кан, повикувајќи се на израелски официјален претставник, денеска соопшти дека делегациите на Израел и Хамас во Катар го добиле нацрт договорот и дека израелската делегација за тоа ги информирала израелските лидери.

Официјални лица од двете страни оценија дека е постигнат напредок во разговорите, но не потврдија дека е усогласен конечниот нацрт договор за прекин на огнот.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови