понеделник, декември 9, 2024
4.8 C
Skopje

Во САД годинава запленета количина фентанил доволна да ги убие сите Американци

 

Количината запленета фентанил во 2022 година е доволна за да ги убие сите граѓани на САД, соопшти денеска американската Администрација за борба против дрогата (ДЕА).

Фентанил е смртоносна дрога која е 50 пати посилна од хероинот, а смртоносната доза за човек може да се стави на врвот на молив, јави Би-Би-Си.

Во 2022 година, ДЕА заплени повеќе од 4.500 кг фентанил и 50,6 милиони апчиња фентанил погрешно претставени од препродавачите како лекови против болки, што двојно повеќе отколку во 2021 година.

Најголемото количество од оваа дрога пристигнува во САД од Мексико, каде што се произведува во тајни фабрики од нарко картелите Синалоа и Халиско, користејќи хемикалии од Кина, а главен приоритет на ДЕА е да ги уништи овие два наркокартела, соопшти ДЕА.

Повеќе од 100.000 Американци починаа од последици на дрога во 2021 година, а фентанилот беше одговорен за две третини од овие смртни случаи.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови