сабота, декември 14, 2024
-0.2 C
Skopje

Германија ја презема командата над силите на НАТО со висока готовност

 

Германија од денеска ја презема командата над воените сили на НАТО, кои се на високо ниво на готовност за вонредни ситуации.

Заедничката оперативна група со висока готовност (JTF), која е дел од силите за одговор на НАТО, а која беше активирана за првпат во историјата на Алијансата по рускиот напад врз Украина во февруари оваа година, се состои од околу 11.500 војници.

Германија ја презема командата над овие сили на НАТО од Франција, која ги предводеше силите во 2022 година.

Белгија, Чешка, Летонија, Литванија, Луксембург, Холандија, Норвешка и Словенија ќе придонесат за силите кои по потреба се подготвени да одговорат на вонредни ситуации за само неколку дена.

Германија, исто така, за првпат ќе командува со специјалните сили во рамките на ВЈТФ.

ВЈТФ е основана во 2014 година по анексијата на Крим од страна на Русија и настаните на Блискиот Исток.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови