недела, октомври 13, 2024
13.8 C
Skopje

Германија ја продолжи дозволата за прием на работници од Балканот

Годишно во Германија се предвидува да бидат примени 25 илјади работници од западен Балкан.

Посебната дозвола која овозможува влез на економски мигранти од државите од западен Балкан во Германија, ќе биде продолжена до 2023 година, пренесува „Дојче веле“.

Со тоа државјаните од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Србија и Косово и понатаму ќе може да добијат работна позиција без оглед на квалификациите и ќе смејат да допатуваат на работа во Германија.

Годишно во Германија предвидено е доаѓање на 25 илјади работници од западен Балкан. Министерството за труд нацртот за ваквата одлука го достави до германската влада на усвојување. Лицата од земјите од западен Балкан од јануари 2016 година можат да добијат работна виза и да дојдат во Германија дури и без познавање на германскиот јазик и професионални квалификации.

Предуслов е подносителот да покаже договор за работа со работодавач од Германија и дека постои согласност од Сојусниот германски завод за вработување.

Подносителот на молбата исто така треба да докаже дека претходно не бил примател на социјална помош од Германија.

Оваа посебна регулатива е воспоставена поради големиот број азиланти и требаше да престане да важи кон крајот на оваа година.

 

Најголеми број од работници од западен Балкан, како што велат од германската влада се вработуваат во градежниот сектор. Тука за сега „не постои тренд кој покажува потреба од намалување на работната сила“.

 

 

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови