вторник, декември 3, 2024
9.8 C
Skopje

Гроси во Техеран со ирански претставници за иранската нуклеарна програма

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси денеска во Техеран разговараше со иранските власти за иранската нуклеарна програма.

Гроси се сретна со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, кој во 2015 година беше главен преговарач на иранската страна во преговорите со големите сили.

За таа средба, Рафаел Гроси на социјалната мрежа „Х“ блокирана во Иран напиша дека е потребно.

Шефот на иранската дипломатија во својата порака на „Х“ изјави дека е постигнат договор „да се дејствува со храброст и добра волја“.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови