среда, мај 21, 2025
15.8 C
Skopje

Девет тинејџери се удавија при уривање на мост во Индонезија

Девет лица се удавија во реката при уривање на пешачки мост на индонезискиот остров Суматраа, соопштија денеска официјалните лица.

Девет тела биле извлечени од водата дури 20 километри подалеку од урнатиот мост во провинцијата Бенгкулу. Спасувачите трагаат по 14-годишно момче кое сè уште се води за исчезнато, пренесува АП.

Околу 30 лица, од кои повеќето тинејџери, враќајќи се од прошетката во блиската хидроцентрала застанале на мостот за да се фотографираат над надојдената реката.

„Очигледно, имаше повеќе луѓе отколку што можеше да издржи со мостот. Некои тинејџери дури и се лулаа на мостот во шега“, рекоа спасувачите.

Околу 20 лица се спасени, а едно лице е пренесено во болница со сериозни повреди.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови