вторник, септември 10, 2024
20.8 C
Skopje

Ердоган ѝ рекол на Меркел дека договорот со ЕУ за мигрантите не функционира

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел во петокот рекол дека миграциските регулативи меѓу Анкара и ЕУ не функционираат и дека треба да бидат изменети, соопшти турското претседателство.

Во телефонскиот разговор, Ердоган ѝ рекол на Меркел и дека целта на договорот со Русија за прекин на огнот во сирискиот регион Идлиб е да ги заштити цивилите и турските војници. Анкара ги отвори границите за речиси 4 милиони мигранти да излезат по ескалацијата на судирите во Идлиб.

ЕУ ги повика мигрантите на турската граница да престанат да се обидуваат да преминат кон Грција.

Повеќе од 10.000 мигранти се обидуваат да ја преминат границата од Турција кон Грција откако Анкара најави дека повеќе нема да го почитува договорот со ЕУ од 2016 година, со кој турските власти се обврзаа да ги запрат брановите илегална миграција во Европа во замена за финансиска помош на неколку милијарди евра.

Слични текстови