сабота, декември 14, 2024
-3.2 C
Skopje

ЕУ не успеа да постигне договор за ограничување на цените на гасот

Министрите за енергетика на земјите членки на Европската унија кои се состанаа во вторникот во Брисел, не успеаја да постигнат конечен договор за ограничување на цените на природниот гас на целата територија на Унијата, а новиот вонреден состанок по оваа тема ќе биде свикана за понеделник 19-ти декември, соопштено е во средата.

Одговарајќи на повторените барања на некои земји членки, Европската комисија во ноември предложи ограничување на цените како нов одговор на ЕУ на остриот раст на цените на гасот започнат уште есента 2021 година, а засилен со војната во Украина што резултираше со обемни санкции против Русија и драстично намалување на испораките на рускиот гас кој сочинуваше над 40 отсто од потребите на земјите од блокот.

Имајќи предвид дека земјите во ЕУ се длабоко поделени околу поединостите за предложеното ограничување, состанокот во вторникот не резултираше со конечно решение, оставајќи ги министрите за енергетика на земјите членки повторно да се обидат да постигнат договор на 19-ти декември.

„Постигнавме напредок, но сѐ уште не сме готови. Денеска не може да се одговори на сите прашања“, рече германскиот министер за економија Роберт Хабек по средбата којашто траеше со часови и заврши доцна.

Членките, меѓу кои се Германија, Холандија и Австрија, ставуваат дела ограничувањето на цените на гасот ќе ги пренасочат многу неопходните количества гас во Европа кон другите пазари во светот и ќе го нарушат функционирањето на енергетските пазари на континентот.

Други држави од ЕУ кои се инаку подобро снабдени со гас и не се толку изложени на увозот од Русија, како Грција, Белгија, Италија и Полска, бараа горна граница за којашто велат дека би ги заштитиле нивните национални економии и граѓаните од високите цени на енергијата.

Европската комисија во ноември предложи воспоставување на корективен пазарен механизам, кој би се активирал кога цената на холандската берза на гасот TTF, најголемиот хаб во Европа, две седмици ќе биде над 275 евра по мегават/час и 58 евра повисока од референтната цена на природниот течен гас (LNG) десет последователни дена во текот на две седмици.

Меѓутоа, повеќето држави членки на ЕУ остро го критикуваа овој предлог, имајќи предвид дека горната граница на цената на гасот е поставена превисоко, значително над моменталните цени на гасот на пазарот, коишто и онака се значително повисоки од вообичаените до есента 2021 година.

Технички поединости

Секој договор ќе бара од земјите постигнување компромис за техничките поединости, вклучително и висината на ограничувањето на цената, на кои договори за набавки на гас се однесуваат, како и за заштитните мерки како што е овозможувањето ЕУ веднаш да ги укине ограничувањата доколку тоа има несакани последици.

Висок неименуван претставник на Европската унија за Reuters рекол дека во вторникот доцна попладнето земјите се мачеле околу договорот за нивото и обемот на ограничувањето.

Во барањето компромис, Чешка, којашто претседава со ЕУ, истапила со нов предлог според кој ограничувањето би било воведено доколку цените го минат обемот од 200 до 220 евра по мегават/час три до пет дена, според договорите за испораки во следните месеци во холандскиот гасен хаб TTF. Договорената цена, исто така, би требало да биде 35 евра повисока од референтната цена заснована на постојните процени на цената на течниот природен гас (LNG).

Предлогот е под горната граница од 275 евра по мегават/час што ја предложи Европската комисија.

Во двата табора за и против ограничувањето на цената, секоја земја би можела да има доволно гласови да го блокира договорот.

Франција, така, и можела да се покаже како решавачка во завршните договори. Во почетокот Париз го поддржуваше ограничувањето на цената на гасот, но минатата седмица изрази загриженост поради можното влијание на финансиските пазари. Француската министерка за екологија Ањес Пание-Рунаше изјави во вторникот дека на секое ограничување на цената целта би требало да ѝ биде „обезбедување стабилност на финансиските пазари“.

Европската унија годинава веќе договори итни енергетски мерки, вклучително и барањата за складирање на гасот. А исходот од дискусиите за ограничувањето на цената на гасот, исто така, би можело да го одреди и другите политики, вклучително и побрзото издавање дозволи за проектите за обновливи извори на енергија.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови