недела, декември 8, 2024
8.8 C
Skopje

Жителите на Москва масовно даруваат крв по терористичкиот напад

Жителите на Москва масовно доаѓаат во Центарот за трансфузија „Гаврилов“, за да даруваат крв по синоќешниот терористички напад во концертната сала „Крокус“ во близина на Москва, јавија руските медиуми.

„Пред зградата има огромен број граѓани“, наведуваат медиумите.

Повеќе од 600 граѓани даруваа крв во првиот час по отворањето на Центарот, објави регионалното Министерство за здравство на својот канал на Телеграм.

Во нападот загинаа најмалку 60 луѓе вклучувајќи и три деца, а 145 се повредени. Министерот за здравство Михаил Мурашко изјави дека се хоспитализирани 115 лица, од кои пет деца, пренесуваат руските медиуми. Според него, во тешка состојба се 60 возрасни и едно дете.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови