недела, декември 8, 2024
0.8 C
Skopje

Заседание на Советот за трговија и технологија ЕУ-САД

Еврокомесарите за конкурентност Маргрете Вестагер, за трговија Валдис Домбровскис и за внатрешен пазар Тиери Бретон денеска во Вашингтон ќе учествуваат на петтиот Совет за трговија и технологија ЕУ-САД, јави дописникот од Брисел.

На состанокот на Советот ќе се разговара за клучните трансатлантски прашања, вклучително и за соработката за одржливост на трговија, економска безбедност и сигурноста на системите за снабдување, новите технологии и вештачката интелигенција.

Целта на овие дебати е да се подготват материјали за утврдување на клучните приоритети за министерски состанок на Совет за трговија и технологија, што ќе се одржи напролет во Белгија.

За време на престојот во Вашингтон, Вестагер и Домбровскис, кои воедно се и извршни потпретседател на Европската комисија, ќе имаат билатерална средба со американската секретарка за финансии, Џенет Јелен, а ќе учествуваат и на дискусија посветена на Пакетот за економска безбедност на ЕУ, што ќе се одржи Центарот за стратешки и меѓународни студии (ЦСИС).

Вестагер заедно со американската секретарка за трговија Џина Раимондо денеска ќе учествува и на панел во организација на Атлантскиот совет.

Домбровскис, дополнително ќе се сретне и со американската трговска претставничка Кетрин Таи и со конгресмените Џејсон Смит и Ричард Нил, претседател и член на Комитетот за насоки и средства на Претставничкиот дом, во чија надлежност меѓу останатото се даноците, царините и социјалната и здравствената заштита. Тој, исто така, ќе има обраќање пред Трговската комора на САД на тема „2024: Клучна година за меѓународниот поредок заснован на правила“.

Бретон, пак, ќе има средба американскиот секретар за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас во рамки на Кибер дијалогот ЕУ-САД, посветен на понатамошно зајакнување на отпорноста во дигиталната сфера и поттикнување на безбеден глобален кибер простор.

Утре, Вестагер и Домбровскис ќе учествуваат на настанот насловен „Создавање на трансатлантскиот зелен пазар“ на кој ќе се дискутира за можноста за промоција на поинтегриран и поотпорен трансатлантски пазар кој би помогнал за забрзување на транзицијата кон климатска неутрална и циркуларна економија во полза на бизнисите, работниците и потрошувачи од двете страни на Атлантскиот Океан.

Доцна синоќа, по пристигнувањето во Вашингтон, Бретон учествуваше на настан во организација на Центарот за Европа при Атлантскиот совет посветен на одбранбените капацитети и иницијативи на ЕУ за поддршка на Украина и трансатлантското партнерство

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови

претходна статија
Следна статија
Блинкен: Ситуацијата на Блискиот Исток сега е поопасна отколку во 1973 година Ситуацијата на Блискиот Исток сега е поопасна отколку што беше во изминатите децении, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен, јави ДПА. „Тврдам дека барем од 1973 година не сме виделе таква опасна ситуација во регионот како оваа со која се соочуваме сега. А, веројатно дури и пред тоа“, рече Блинкен на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Вашингтон. „И тоа е средината во која работиме“. Блинкен предупреди на обидите да се искористи израелската војна против Хамас за да сее дополнителна нестабилност на Блискиот Исток. Тој рече дека САД ќе одговорат на секој таков обид „одлучно“, но нагласи дека целта на американската влада е да спречи ескалација на тензиите во регионот. Тројца американски војници загинаа, а околу дваесетина други беа ранети во напад со беспилотно летало врз американска воена база во Јордан во неделата, што ги подгреа стравувањата од проширување на кризата на Блискиот Исток. Американскиот претседател Џо Бајден рече дека нападот „е извршен од радикални милитантни групи поддржани од Иран кои дејствуваат во Сирија и Ирак“ и се закани дека ќе возврати. Во понеделникот иранската влада негираше вмешаност во нападот