четврток, декември 5, 2024
6.8 C
Skopje

ЗАТНИ СИ ЈА МУЦКАТА Сестрата на Ким Јонг Ун има порака до претседателот на Јужна Кореја

Сестрата на моќниот Ким Јонг Ун, лидер на Северна Кореја, му порача на претседателот на соседна Јужна Кореја „да си ја затне муцката“, откако тој ѝ понуди економска помош, а за возврат побара земјата нуклеарно да се разоружа. Ким Јо Јонг е влијателна личност покрај брат ѝ. Нејзините остри коментари се првпат некој од Северот да ја искоментира понудата на Југот, план кој беше предложен во мај годинава, јавува Ројтерс.

– Поповолно ќе беше за неговиот имиџ да си ја затвори устата, наместо да зборува глупости бидејќи немаше ништо подобро да каже – рече таа во изјавата објавена од државната новинска агенција КЦНА, велејќи дека претседателот на Јужна Кореа би бил детинест ако мисли дека може да ја трампа економската соработка за честа на Северот и нуклеарното оружје.

– Никој не ја менува својата судбина за колач со пченка – додаде таа.

Министерот за обединување на Јужна Кореја, кој се занимава со односите со Северот, ги нарече коментарите на Ким „многу непочитувани и непристојни“.

Меѓу работите што планот ги предвидува е и Јужна Кореја да се заложи да не биде воено агресивна кон Северот. Во моментов, Јужна Кореја ги продолжува заедничките воени вежби со САД, кои одамна беа прекинати.

Во средата, портпаролот на американскиот Стејт департмент рече дека Вашингтон ја поддржува политиката на Јун-Сук Јеол, претседателот на Јужна Кореја, но Ким рече дека заедничките вежби покажуваат дека разговорите на сојузниците за дипломатија се неискрени.

– Јасно ставаме до знаење дека нема да седиме лице в лице со него – рече таа за претседателот Јун.

Ким Јо Јонг стана гласна критичарка на Јужна Кореја во последниве години, а некои експерти ја гледаат како „лоша варијанта“ на нејзиниот брат чии изјави се помеки и поприземјени.

Денешната изјава е нејзиниот најтежок личен напад на Јун досега, но овој месец таа објави и тирада со вулгарности во која го обвини Југот за избувнување на ковид-19 на Север и се закани со „смртоносна одмазда“ доколку има дополнителни појави на короната.

Експертите велат дека најновиот економски план на Јужна Кореја е сличен на предлозите на претходните лидери, вклучително и оние за време на самитите меѓу тогашниот американски претседател Доналд Трамп и Ким Џонг Ун.

„Иницијативата на Јун се надоврзува на долгата листа на неуспешни понуди кои вклучуваат јужнокорејски ветувања дека ќе ѝ дадат економски придобивки на Северна Кореја. Тоа беа истите претпоставки што стојат зад низата неуспешни напори за напредок во преговорите за денуклеаризација“, напиша Скот Снајдер, висок соработник во невладината организација „Совет за надворешни односи“, вчера во свој блог-пост.

Северна Кореја во средата тестираше две крстосувачки ракети во морето, што е прв таков тест во последните два месеци. Тестовите беа спроведени откако земјата прогласи победа над ковид-19 минатата недела.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови