Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска го посети Бахмут, соопшти заменик-министерката за одбрана Ана Маљар.
Таа рече дека Зеленски се сретнал со војниците и им доделил награди на најдобрите, пренесува Интерфакс Украина.
Бахмут, град во источна Украина, неодамна беше центар на најтешките борби меѓу руските и украинските сили.