вторник, декември 3, 2024
5.8 C
Skopje

Зеленски: Критично важна е брза одлука на американскиот Конгрес за помош за Украина

Брза одлука на американскиот Конгрес да ја деблокира финансиската помош за Украина е од „критично значење“, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија армија има сериозно недостиг од муниција против руските сили.

– За нас е од клучно значење Конгресот брзо да ги заврши сите неопходни процедури и да донесе конечна одлука за пакетот од 60 милијарди долари, кој со месеци е блокиран поради несогласувањата меѓу демократите и републиканците, рече Зеленски за време на состанокот со сенаторот Линдзи Греам, соопшти украинското претседателство.

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден со месеци бара нов пакет помош за Киев кој вклучува воена и економска помош од 60 милијарди долари. Сенатот го одобри со демократско мнозинство, но и понатаму е блокиран во Претставничкиот дом на Конгресот.

На неговото усвојување се противат републиканците блиски до Доналд Трамп, кои одбиваат да го разгледаат текстот поради спор околу друго прашање, имиграцијата.

Исцрпена од двегодишната руска инвазија, Украина се бори на фронтот против руската армија, која ја надминува по војници, оружје и муниција.

Руските сили напредуваа во неколку сектори на фронтот во источна Украина во последните недели

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови