четврток, декември 5, 2024
6.8 C
Skopje

Илјадници Полјаци демонстрираа против владата на Доналд Туск

Неколку илјади поддржувачи на конзервативната опозиција демонстрираат во Полска против левичарската влада на новиот премиер Доналд Туск.

Претежно постарите приврзаници на националистичката конзервативна партија Право и правда (ПиС) попладнево се собраа пред зградата на парламентот во Варшава. Тие вееја полски знамиња и плакати на кои пишуваше: „Ова е Полска, а не земјата на Туск“.

Лидерот на партијата ПиС Јарослав Качињски им рече на демонстрантите: „Ова не е полска влада“, пренесува ДПА.

ПиС често го обвинува Туск, поранешен претседател на Европскиот совет, дека дејствува во име на Германија.

„Протестот на слободните Полјаци“ организиран од популистите кои ја загубија власта на изборите во октомври првично имаше за цел да изрази гнев против реструктуирањето на јавниот медиумски систем.

Владата на Туск почна со реорганизација на телевизискиот канал ТВП, полското радио и новинската агенција ПАП – сите кои ПиС постојано ги ставаше под своја контрола во текот на осумте години на власт.

Сепак, апсењето на двајца поранешни функционери на ПиС, кои беа осудени на две години затвор поради обвиненија за корупција, го помести фокусот на демонстрациите. Апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи Мариуш Камински и неговиот заменик Мациеј Вашик ја доведе Полска на работ на уставна криза.

Двајцата политичари беа уапсени во вторникот и одведени во затвор, откако првично побараа засолниште во претседателската палата кај претседателот Анджеј Дуда, кој е сојузник на ПиС.

ПиС ги опишува двајцата како „политички затвореници“, а Камински почна штрајк со глад.

Дуда непосредно пред почетокот на демонстрациите најави дека ќе се обиде да ги помилува двајцата по вторпат.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови