среда, јануари 22, 2025
2.8 C
Skopje

Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години

Годишната инфлација во Велика Британија се искачи на 9,4 отсто во јуни, што е највисока во последните 40 години.

Според податоците на Британското биро за национална статистика, годишната инфлација во земјата во април достигна рекордно ниво од март 1982 година – 9 отсто наспроти 7 отсто еден месец претходно. Потрошувачките цени се зголемија за 2,5 отсто во април, по растот од 1,1 отсто во март.

Во мај, годишната инфлација во Велика Британија достигна рекордно високо ниво од 9,1% од 1982 година. Банката на Англија ги зголеми каматните стапки пет пати од декември 2021 година во обид да ја запре растечката инфлација и да спречи таа да се вкорени во британската економија и се очекува повторно да ги зголеми на состанокот за монетарната политика во август.

Банката на Англија објави дека инфлацијата може да достигне 11 отсто во октомври.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови