Канада ќе престане да испраќа оружје во Израел, изјави синоќа извор од канадската влада, додавајќи дека од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас, Отава извезува само „несмртоносно“ оружје, пренесоа француските медиуми.
-Ние сме во ситуација кога реалноста на теренот повеќе не ни дозволува, да извезуваме оружје, рече изворот.
Дозволите за продажба на оружје што ги додели Канада од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас пред пет месеци се само за извоз на несмртоносна опрема, додаде истиот извор, додавајќи дека од јануари нема извоз. „Несмртоносното“ оружје вклучува „средства за комуникација“, додаде тој.
И покрај тоа што го потврдува правото на Израел да се брани, канадскиот премиер Џастин Трудо е сè покритичен кон воената операција спроведена од израелската армија во Појасот Газа по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.
Доцна во понеделникот, канадскиот парламент усвои необврзувачка иницијатива со која се повикува меѓународната заедница да работи на решение за конфликтот со две држави.
Претходно, шефот на Хамас, Исмаил Ханије, го обвини Израел дека се обидува да ги „саботира“ преговорите за постигнување примирје во Газа со операцијата во болницата „Ал Шифа“.
Според канадските медиуми, Отава извезла воена опрема во Израел во вредност од повеќе од 21 милион канадски долари во 2022 година и 26 милиони канадски долари во 2021 година. Ова го става Израел меѓу првите 10 дестинации за канадски извоз на оружје. Прашањето за испорака на оружје за Израел предизвика правни дејствија во неколку земји во светот. На почетокот на март, коалицијата на канадски активисти за човекови права и граѓани со палестинско потекло поднесоа жалба против канадската влада барајќи да го запре извозот на оружје за Израел. Тврдат дека земјата ги прекршува и меѓународните и домашните правни норми за извоз на оружје