четврток, декември 5, 2024
6.8 C
Skopje

Каталонците во мај излегуваат на предвремени избори

Во Каталонија на 12 мај ќе се одржат вонредни парламентарни избори, откако во регионалниот Парламент беше одбиен предлог-буџетот на тамошната сепаратистичка влада, соопшти денеска каталонскиот премиер Пере Арагонес. 68 од 135 пратеници денеска го одбија Неговиот предлог буџет за 2024 година го одбија 68 од 135 пратеници.

„Ова отфрлање е неодговорно бидејќи ова беше најдобриот буџет досега. Ветото на него нема да и наштети на оваа влада туку на граѓаните“, рече Арагонес.

Изборите во Каталонија, автономна покраина со 7,5 милиони жители во североисточна Шпанија, беа закажани за февруари 2025 година, кога и завршува мандатот на актуелната влада.

„На 12 мај Каталонците ќе гласаат за одговорност или неодговорност“, рече Арагонес, чија каталонска републиканска левица (ЕРЦ) има малцинска влада. Каталонците ќе излезат на гласање еден месец пред изборите за Европскиот парламент.

ЕРЦ на Арагонес е сојузник на левичарската шпанска влада на премиерот Педро Санчез.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови