вторник, мај 20, 2025
12.5 C
Skopje

Ким на бел коњ повторно се искачи на корејската света планина

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, по вторпат за помалку од два месеци го јавна белиот коњ и се искачи на светата планината Паекту, јави севернокорејската агенција КЦНА.

Фотографиите објавени од КЦНА покажуваат дека Ким јава на бел коњ до планината покриена со снег, заедно со неговата сопруга и други официјални лица, кои исто така биле на бели коњи.

Тоа е планина со највисок врв на Корејскиот Полуостров, на која Ким се искачува пред да донесе големи одлуки, потсетува АП.

Во тој контекст, посочува дека последното патување доаѓа во време кога се приближува истекувањето на едногодишниот рок што Ким го даде за Вашингтон да излезе со нови предлози за зачувување на нуклеарната дипломатија.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови