недела, декември 8, 2024
8.8 C
Skopje

Конзервативната партија денеска ќе соопшти дали ќе спроведе гласање за недоверба на премиерот Џонсон

Министерот за здравство на Велика Британија Саџид Џавид денеска изјави дека е можно премиерот Борис Џонсон да се соочи со гласање за недоверба, покренато од незадоволни пратеници на неговата Конзервативна партија.

Политичкиот аналитичар и уредник во „ИТВ“ Пол Бренд вели дека пратениците во парламентот очекуваат денеска да биде соопштено дали ќе се гласа за доверба.

„Незадоволните Ториевци очекуваат Грејем Брејди денеска да даде изјава во која ќе најави дека ќе се гласа недоверба на Борис Џонсон“, напиша Бренд на Твитер притоа додавајќи дека само Брејди ги знае деталите.

За да се покрене гласање за доверба на премиерот, потребно е тоа од претседателот на партискиот Одбор 1922 Грејам Брејди службено да го побараат најмалку 54 пратеници на Конзервативната партија. Писмата се доверливи така што само Брејди знае колку точно такви барања се доставени.

Ториевецот Сер Грејем Брејди најави дека противничкиот табор во редовите на владејачката Конзервативна партија успеал да обезбеди потребен број гласови за да се покрене гласање за доверба на Џонсон, како и дека за тоа јавноста ќе биде известена подоцна во текот на денот.

Доколку се случи Џонсон да загуби на гласањето за доверба, тој би бил сменет од премиерската функција, а потоа ќе се решава кој ќе го замени на функцијата.

Целата постапка беше покрената поради широките критики кај јавноста упатени до премиерот Џонсон поради забавите и масовните собирања во „Даунинг стрит“ за време на локдаунот и спротивно мерките воведени поради епидемијата на коронавирусот.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови