среда, јануари 15, 2025
-0.2 C
Skopje

Кралицата Елизабета ги повика Британците да останат решителни

Во само петтото телевизиско обраќање во нејзиното 68-годишно владеење, Елизабета ги повика Британците да покажат дека се исто толку силни како генерациите од минатото. „Заедно се справуваме со оваа болест и сакам да ве уверам дека ако останеме обединети и решени, тогаш ќе ја надминеме“, рече 93-годишниот монарх во обраќањето од нејзиниот дом, замокот Виндзор каде што престојува со нејзиниот сопруг принцот Филип.

Британскиот премиер Џонсон е позитивен на коронавирус

“И порано се соочувавме со предизвици. Но, ова е различно. Овој пат се придружуваме до сите нации низ целиот свет во заеднички обид, користејќи ги големите достигнувања на науката и нашето инстинктивно сочувство да се лекуваме”. До обраќањето дојде неколку часови откако официјални лица соопштија дека бројот на починати во Британија од вирусот се зголемил за 621 во последните 24 часа на 4.934.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови